Видео Шест лица уапсени за упад во синагога во Лондон

Шест лица уапсени за упад во синагога во Лондон

Шест мажи се уапсени во Велика Британија по насилно влегување во синагога, што полицијата го опиша како антисемитистички инцидент.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, полицијата соопштила дека уапсените во пијана состојба ја напуштиле забавата, која се одвивала во близина, и тргнале кон синагогата на Стамфорд Хил, на северот на Лондон. Еден човек се обидел да ги запре, при што добил удар в лице.

Нападнатиот е пренесен во болница, но не е тешко повреден. Уапсените се приведени за нарушување на јавниот ред и за напад, а полицијата соопшти дека еден од нив дал и антисемитистички коментар.