Дописници Уапсени петмина судии од Прилеп

Уапсени петмина судии од Прилеп

Петмина судии од прилепскиот суд денеска се уапсени во голема полициска акција, потврдија од МВР.

Станува збор за судии кои се осомничени дека овозможиле осуденик со пресуда за убиство на 10 години затвор да биде на слобода. Од МВР засега не откриваат повеќе детали.