Свет Европа Уапсени две лица од Косово поради планирање напад во Германија

Уапсени две лица од Косово поради планирање напад во Германија

Германската полиција рано утрово уапсила две лица поради сомневање дека планирале напад на трговски центар во Оберхаузен, во близина на границата со Холандија, јавуваат светските медиуми, повикувајќи се на соопштение од полицијата.

Полицијата соопштила дека станува збор за двајца браќа родени во Косово, на возраст од 28 и 31 година, кои бил уапсени во Дуизбург, врз основа на информации од безбедносните служби.

Од министерството за надворешни работи на Косово за балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“, изјавиле дека работат на прибирање информации за уапсените.

Засега нема информации за тоа дали денешните апсења се поврзани со нападот на божиќниот панаѓур во Берлин, во кој загинаа 12 лица.

Германската полиција сè уште трага по 24-годишниот Тунижанец Анис Амри, чии отпечатоци од прсти се најдени во кабината на каминот со кој беше извршен нападот во Берлин.