Свет Европа Уапсени 15 лица во антикорупциска акција на португалската полиција

Уапсени 15 лица во антикорупциска акција на португалската полиција

Петнаесет лица се уапсени за време на вчерашната акцијата на португалската полиција насочена против корупцијата, перењето на пари и трговијата со дрога.

Како што јавуваат португалските медиуми, повикувајќи се на извори од полицијата, меѓу уапсените се и двајца полициски началници. Едниот е главен инспектор, додека другиот е пензиониран службеник во судската полиција.

Уапсените, кои се на возраст меѓу 39 и 61 година, се осомничени за активна и пасивна корупција, перење на пари и за трговија со дрога.