Свет Европа Уапсен третиот осомничен за нападот на аеродромот во Брисел

Уапсен третиот осомничен за нападот на аеродромот во Брисел

Идентификувано е третото лице кое е снимено на безбедносните камери на аеродромот во Брисел, заедно со двајцата бомбаши-самоубијци. Како што јавуваат белгиските медиуми, станува збор за независниот новинар Фејсал Шефу.

Канцеларијата на Федералното обвинителство на Белгија засега не ги коментира информациите. Во соопштението се наведува дека лицето е идентификувано како „Фејсал Ш. и е еден од тројцата уапсени во близина на канцеларијата на Федералното обвинителство.

Против Шефу се подигнати обвиненија за учество во терористичка група, извршен е претрес во неговиот дом, но таму не се прионајдени оружје или експлозивни материјали. За време на апсењето тој бил во автомобил со уште двајца мажи, кои првично биле уапсени, а потоа ослободени.

Во соопштението не се наведува дали тој третото лице снимено со камерите, кое носи шапка и се движи заедно со двајцата осомничени за кои се верува дека го извршиле самоубиствениот напад.

Весникот „Соар“ наведува дека Фејсал Ш. го идентификувал таксист, кој ги превезол напаѓачите до аеродромот.

Полицијата трага по уште еден осомничен, кои му помогнал на извршителот на нападот во метрото.