Свет Балкан Уапсен припадник на ИД осомничен за минатогодишниот бомбашки напад во Анкара

Уапсен припадник на ИД осомничен за минатогодишниот бомбашки напад во Анкара

Турските власти уапсиле припадник на Исламска држава, осомничен за вмешаност во двојниот самоубиствен бомбашки напад што се случи во октомври минатата година во Анкара, а во кој загинаа 103 лица, јавуваат агенциите.

Осомничениот бил уапсен вчера во турскиот град Газиентап, во близина на границата со Сирија. Тој се товари за учество во терористичка организација.

Станува збор за петти осомничен приведен во истрагата за еден од најсмртоносните терористички напади во Турција, во изминатите неколку години.

Според информациите, осомничениот маж се товари дека го набавил и го пренел експлозивот што бил користен во нападите. Тој ги отфрлил ваквите обвинувања за време на сослушувањето.