Свет Уапсен менаџерот на кампањата на Трамп

Уапсен менаџерот на кампањата на Трамп

Полицијата во Флорида денеска го упаси Кори Левандовски, менаџер на кампањата на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.

Како што се наведува во полициското соопштение, Левандовски е обвинет дека за време на предизборниот митинг на Трамп, одржан на 8 март, намерно и ја зграбил раката на поранешната новинарка на конзервативната медиумска куќа „Брајбарт“, Мишел Филдс, нанесувајќи и модринка.

Трамп изјави дека Левандовски е апсолутно невин за обвинувањата и додаде дека менаџерот на неговата кампања е „целосно уверен дека ќе биде ослободен“.