Свет Европа Туск: САД немаат подобар сојузник од Европската унија

Туск: САД немаат подобар сојузник од Европската унија

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск го повика американскиот претседател Доналд Трамп наместо секојдневно да ја критикува Европа, да ги почитува своите сојузници.

По потпишувањето на новиот договор за соработка помеѓу ЕУ и НАТО, Туск изјави дека САД нема, ниту ќе има подобар сојузник од Европа.

Американскиот претседател, Доналд Трамп ги повика членките на НАТО, да ја исполнат обврската за издвојување на два отсто од домашниот-бруто производ (БДП) за одбрана.

„САД издвојуваат за одбраната далеку повеќе од која било друга земја за истата таа земја да ја заштитат. Тоа не е фер кон даночните обврзници“ напиша Трамп истакнувајќи дека членките на НАТО треба да плаќаат повеќе, а САД помалку.