Свет Балкан Турција: 30 загинати и 126 повредени во нападот во Анкара

Турција: 30 загинати и 126 повредени во нападот во Анкара

Триесет загинати и 126 повредени е последниот биланс од денешните експлозии во Анкара, соопшти турското министерство за внатрешни работи.

Според истражителите, експлозиите се дело на бомбаш-самоубиец. Турската влада го оцени нападот како терористички акт. Премиерот Ахмет Давутоглу свикал вонреден состанок со претставници од министерствата за правда и за внатрешни работи, шефот на турската полиција, шефот на разузнавачката служба и гувернерот на Анкара, Мехмет Киличлар.

Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, го осуди нападот кој се случи на почетокот на мирниот протест организиран против судирите меѓу државата и курдските милитанти.

– Утринските вести од Анкара се шокантни и вознемирувачки. Тоа што се случи е суров и варварски напад на мирните демонстранти. Сакам да изразам сочувство за сите кои изгубиле пријатели и сакани во нападот. Слободата на собирање и слободата на изразување се основните столбови на демократијата – рече Јагланд.