Свет Балкан Турскиот парламент го одобри воведувањето вонредна состојба во земјата

Турскиот парламент го одобри воведувањето вонредна состојба во земјата

Турскиот парламент одобри да се воведе тримесечна вонредна состојба во земјата и да му се дадат неограничени овластувања на претседателот Реџеп Таип Ердоган, по минатонеделниот неуспешен обид за државен удар, јавуваат светските агенции.

Од 550 членови на парламентот, за воведување вонредна сосојба гласале 356 пратеници, а 115 биле против.

Ердоган ја соопштил одлуката на неговиот кабинет дека бара дополнителни овластувања, наведувајќи дека вонредната состојба ќе овозможи војската да се исчисти од субверзивните елементи.

Турскиот претседател, по завршувањето на седницата на Владата во Анкара, рече дека воведувањето вонредна состојба не е против демократијата, владеењето на правото и слободата.