Свет Свет Турски авиони собориле неидентификувано летало близу границата со Сирија

Турски авиони собориле неидентификувано летало близу границата со Сирија

Турските власти денеска соопштија дека нивни борбени авиони собориле неидентификувано летало што го нарушило воздушниот простор на земјата, близу границата со Сирија, јавува „Би-Би-Си“.

Според медиумските извештаи, во кои се цитираат изјави на турски официјални лица, станувало збор за беспилотно летало, но повеќе детали за случајот засега не се соопштуваат.

Инаку, како што е познато, покрај сириската влада, со беспилотни летала оперираат и силите на коалицијата предводена од Соединетите Американски Држави (САД) и тие на Русија.

Од војската на Турција соопштиле дека леталото забележано во близина на границата било трипати предупредено пред да биде соборено.