Свет Европа Турската полиција по грешка привела 20 универзитетски професори

Турската полиција по грешка привела 20 универзитетски професори

Гувернерот на Анталија, Мунир Каралоглу, призна дека полицијата во овој турски град „по грешка“ привела 20 универзитетски професори, во рамки на операцијата против осомничените припадници на т.н. терористичка организација на Фетулах.

– Некои тоа го нарекуваат лов на вештерки, но ние не ловиме вешетерки, туку предавници и убијци и ќе продолжиме да го правиме тоа – рече Каралоглу.

Тој нагласи дека понекогаш се прават грешки, признавајќи за професорите кои погрешно беа вкучени во листата на чистката, но посочи и дека потоа тие биле ослободени.