Свет Балкан Црногорците „под перница“ чуваат 500 милиони евра

Црногорците „под перница“ чуваат 500 милиони евра

Во Црна Гора, нивото на штедење надвор од банкарскиот сектор изнесува преку половина милијарда евра, оцени аналитичарот и член на управниот однор на банката „Универзал капитал“, Предраг Дрецун.

Тој изјави дека црногорската економија е доста апатична кога станува збор за односот кон инвестициите и кон штедењето.

– Сè што се штеди, треба да се инвестира за да се создаде нова вредност. Во Црна Гора имаме ниско ниво на инвестиции во однос на штедењето, а од друга страна, имаме штедење кое не се евидентира во банкарскиот сектор – изјави Дрецун.

Тој смета дека надвор од банкарскиот систем има доволно пари за да се формира една моќна банка и вели дека значителна сума пари Црногорците чуваат „под перница“.