Свет Балкан Црна Гора предвидува издавање на околу 15.000 странски дозволи за работа

Црна Гора предвидува издавање на околу 15.000 странски дозволи за работа

Министерството за труд и социјална политика на Црна Гора предложи годишна квота од 14.800 дозволи за привремен престој и за работа на странци за следната година, како и 3.000 дозволи за капитални проекти.

Квотата била предложена врз основа на бројката од најдобрата туристичка сезона, кога биле издадни 14.600 дозволи, при што дополнително се прифатени предлозите на одредени министерства, што резултираше со вкупно зголемување на квотата.

Неколку членови од законот за странци треба да се изменат и да се дополнат за квотите да можат да се применуваат од 1 јануари 2016 година.