Свет Балкан Ципрас: Подготвен сум за компромис

Ципрас: Подготвен сум за компромис

Грчкиот премиер изрази оптимизам дека може да се постигне компромисно решение со европските кредитори. Алексис Ципрас, пред почетокот на денешниот Самит на лидери на еврозоната, истакна дека е подготвен за компромис.

„Подготвен сум за чесен компромис. Тоа им го должиме на граѓаните на Европа кои сакаат да ја видат обединета, а не распарчена. Можеме денеска да дојдеме до компромис ако сите го сакаат тоа“, истакна Ципрас.

Сè уште е неизвесно како ќе одат работите за Грција. Изутринава владееше оптимизам дека европските кредитори се поотворени за решение, но и понатаму останува прашањето и опасноста дали ќе успеат да постигнат компромис за мерките или, пак, ќе изгласаат да ја исклучат Грција од еврозоната. Атина, пак, се брза да се постигне договор ако се земе предвид дека банките полека пресушуваат и неопходно е да се постигне договор за нова финансиска помош за да се врати ликвидноста и банките полека да почнат да отвораат.