Свет Циклонот Вардах усмрти 10 лица во Индија

Циклонот Вардах усмрти 10 лица во Индија

Најмалку 10 лица загинаа на југот на Индија во налет на циклонот Вардах, поради кој се евакуирани неколку илјади лица, соопштија индиските власти.

Циклонот кој дувал до 140 километри на час, корнел дрвја и предизвикал прекин со снабдувањето со електрична енергија.
Локалната метеоролошка служба соопшти дека Вардах е најлошиот циклон во последните 20 години кој го погодил градот Ченај, познат по името Мадрас, во индиската северна држава Тамил Наду.

– Засега е потврдена смртта на десет лица. Циклонот денеска слабее – соопштија локалните власти и додадоа дека се евакуирани околу 18.000 лица.