Свет Циклон го погоди Мадагаскар, шест лица загинаа

Циклон го погоди Мадагаскар, шест лица загинаа

Најмалку шест лица загинаа, тројца се повредени, а 13.000 се раселени откако циклон го погоди источниот дел на Мадагаскар, соопштија властите.

Тропскиот циклон Ава поминал низ Мадагаскар во петокот и саботата, погодувајќи ја источното крајбрежје на островот со ветрови со брзина помеѓу 140 и 190 километри на час.

Во циклонот кој во март минатата година го погоди Мадагаскар, загинаа 50 лица, а голема штета беше направена на плантажите со ванила.