Економија Цените на акциите на светските берзи во пораст по дебатата Клинтон –...

Цените на акциите на светските берзи во пораст по дебатата Клинтон – Трамп

По вчерашната прва дебата на претседателските кандидати на САД, Хилари Клинтон и Доналд Трамп, цените на светскиот пазар денеска се зголемија.

Инвеститорите ја следеа дебатата на Доналд Трамп и на Хилари Клинтон, барајќи ја, како што велат аналитичарите, помалку лошата опција за пазарот.

Во работата на европските берзи, францускиот индекс се зголеми за 1,5 отсто, германскиот и англискиот за 0,2 отсто, а зголемување се очекува и на Волстрит.

Индексот на берзите се зголеми и на азискиот пазар, како и во Нов Зеланд и во Тајланд.

Нафтата денеска поевтини и еден барел амриканска сурова нафта чини 45,34 долари, што е за 1,28 отсто помалку од вчера.