Економија Цената на нафтата на најниско ниво во последните шест месеци

Цената на нафтата на најниско ниво во последните шест месеци

Цената на нафтата на меѓународните пазари денеска се спушти на најниска вредност во последните речиси шест месеци, откако падот на цената на кинеските акции го зголеми сомнежот во изгледите за побарувачка на сурова нафта од Кина, водечкиот светски потрошувач.

Цената на барел сурова нафта во Лондон падна за 78 центи, на 52,69 американски долари, а кратко време изнесувала и 52,28 долари, што е најниска вредност од почетокот на февруари.

На американскиот пазар била во минус за 36 центи и чинела 47,03 долари за еден барел.