Свет Тројца загинати во земјотрес во Кина

Тројца загинати во земјотрес во Кина

Три лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во земјотрес со интензитет од 6,4 степени по Рихтеровата скала што денеска ја погоди северозападната кинеска провинција Синџјан-Ујгурската.

Кинескиот сеизмолошки центар јави дека земјотресот бил регистриран утринава во 9.07 по локално време, а епицентарот бил на 160 километри северозападно од градот Хотан, на длабочина од 20 километри.