Свет Свет Тројца загинати и повеќе ранети во напади во Ерусалим

Тројца загинати и повеќе ранети во напади во Ерусалим

Најмалку тројца Израелци загинале, а повеќемина се ранети во два одделни напади во Ерусалим, соопшти израелската полиција.

Портпаролот на полицијата, Мики Розенфел, изјави дека во првиот напад, двајцата напаѓачи со ножеви нападнеле поголем број лица и дека се фатни на местото на нападот.

Речиси во исто време се случил уште еден напад со нож во друг дел на градот.

Израелските медиуми известуваат за поголем број жртви, односно дека двајца луѓе загинале, а најмалку 18 се ранети во вториот инцидент.

Утринава се случиле уште два напади во нож во Раана во централниот дел на Израел.
Двајца луѓе се ранети, а двајцата напаѓачи се фатени. Подоцна е објавено дека првиот напад го извел Палестинец од источен Ерусалим, кој нападнал Израелец додека седел на автобуска станица на една од главните улици на градот.