Свет Свет Тројца туристи повредени при нападот на хотелот во Хургада

Тројца туристи повредени при нападот на хотелот во Хургада

Двајца туристи од Австрија и еден од Шведска биле повредени во нападот што вечерва се случил во хотелот „Бела виста“ во Хургада.

Три вооружени лица го извршиле нападот, а до хотелот пристигнале по морски пат.

Според информациите на официјалните лица, двајца од терористите влегле преку ресторанот на хотелот, а при пресметката со полицијата, еден од нив бил убиен.

Иако напаѓачите, наводно, носеле знаме на Исламска држава, сè уште никој не ја презел одговорноста за нападот.