Дописници Тројца пациенти од ковид-19 починаа на Инфективното одделение во Штип

Тројца пациенти од ковид-19 починаа на Инфективното одделение во Штип

Во текот на вчерашниот ден на Инфективното одделение починаа тројца пациенти, кои се лекуваа од ковид-19, потврдија од Клиничката болница во Штип.

Најмладиот починат пацинет е 38-годишник од Виница. Освен него, починати се и 71-годишна жена од Пробиштип и 72–годишен кочанчанец.

Вчерашниот ден е повторување на изминатата сабота, кога во еден ден починаа тројца пацинети. Според податоците од болницата, на Инфективното одделение се згрижени 45 пациенти, од кои 20 имаат потреба од кислородна поддршка.