Свет Триесет и пет загинати во напад на болница во Авганистан

Триесет и пет загинати во напад на болница во Авганистан

Авганистанските власти соопштија дека во талибански напад на болница во централната провинција Гор, загинаа 35 лица.

– Тоа е злосторство против човештвото – изјави портпаролот на авганистанското претседателство, Хусеин Муртазави, но не прецизираше дали жртвите се пациенти или медицински персонал од болницата.

Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека во експлозија на автомобил – бомба во шиитскиот кварт на Кабул, рано утринава загинале 24 лица, додека 42 се повредени.