Видео Три ракети ја погодија Анталија

Три ракети ја погодија Анталија

Три ракети го погодија јужното турско летувалиште Анталија, но нема жртви.

Ракетите, како што јавуваат турските медиуми, се истрелани во правец на сообраќајницата меѓу Анталија и летувалиштето Кемер.

Според телевизијата НТВ, ракетите биле насочени кон пристаништето, каде бил закотвен нафтен танкер.

Една од ракетите погодила магацин, кој се запалил, но пожарот набргу бил изгаснат.

На местото на нападот се наоѓаат возила на брза помош, а специјални полициски сили го пребаруваат регионот за да откријат од каде се лансирани ракетите.