Свет Балкан Трговската и воената соработка во фокусот на разговорите помеѓу Меј и Ердоган

Трговската и воената соработка во фокусот на разговорите помеѓу Меј и Ердоган

На средбата помеѓу британската премиерка Тереза Меј и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, се разговарало за унапредување на соработката во областа на воената индустрија и на трговијата.

Тие, исто така, се договориле да формираат работна група за зајакнување на билатералната трговија по излезот на Велика Британија од Европската Унија.

По состанокот, Ердоган изјавил дека се надева дека обемот на трговската размена со Велика Британија ќе се зголеми од сегашните 15,6 на 20 милијарди долари.

Меј се осврнала и на обидот за пуч во Турција во јуни минатата година, истакнувајќи го значењето на почитувањето на човековите права.

– Сега е важно Турција да ја одржи нејзината демократија така што ќе го почитува владеењето на правото и обврските во поглед на човековите права – изјави Меј.

Британската премиерка во Анкара пристигна по посетата на Вашингтон, каде што се сретна со новиот претседател на САД, Доналд Трамп.