Свет Свет Трамп утре ќе го објави името на својот кандидат за потпретседател

Трамп утре ќе го објави името на својот кандидат за потпретседател

Неофицијалниот републикански кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, најави дека утре ќе го објави името на својот кандидат за потпретседател на државата на претстојните претседателски избори.

Трамп синоќа на „Твитер“ напиша рече дека името на потпретседателскиот кандидат ќе го објави во Њујорк и додаде дека „деталите следуваат“. Тој, неговите повозрасни деца и клучните соработници од почетокот на неделава имаат интензивни состаноци со потенцијалните потпретседатели.

Меѓу оние кои се земени предвид се гувернерот на американската држава Индијана, Мајк Пенс, поранешниот претседател на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Њут Гингрич, сенаторот на американската држава Алабама, Џеф Сешонс, и гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи.