Свет Трамп: Имам поголема поддршка од кога и да е, анкетите се лажни

Трамп: Имам поголема поддршка од кога и да е, анкетите се лажни

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека има посилна поддршка од кога и да е и покрај наводите дека некои републиканци размислуваат да се кандидираат на изборите во 2020 година.

„Базата на Трамп е поголема и посилна од кога и да е, и покрај лажните анкети на лажните вести“, соопшти на „Твитер“ Трамп, притоа посебно критикувајќи го, како што напиша, „пропаднатиот“ весник „Њујорк тајмс“.

Весникот „Њујорк тајмс“ објави дека повеќе републиканци размислуваат да се кандидираат во 2020 година, меѓу кои Мајк Пенс. Сепак, Пенс ги оцени ваквите наводи како лажни.

Трамп, исто така, вели дека „напорно работи“ од својот приватен голф-клуб во Њу Џерси додека се поправа климатизацијата во Белата куќа и дека планира следната недела да се врати во Њујорк поради состанок.