Свет Свет Трамп и републиканците не успеаја да ја воведат замената за „Обамакер“

Трамп и републиканците не успеаја да ја воведат замената за „Обамакер“

Републиканските лидери во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ненадејно го повлекоа нацрт-законот за реформи во здравствениот систем поради недоволен број гласови.

Претседателот на Претставничкиот дом, Пол Рајан, го повлекол предлог-законот од дневниот ред, откако Трамп побарал од него да ја запре расправата и гласањето за спорниот предлог-закон.

За новиот закон беа потребни 216 гласови од 430 пратеници во Долниот дом, кој има 237 републиканци и 193 демократи.

Трамп претходно ги повика републиканците да го поддржат неговиот план за здравствени реформи и да го отфрлат постоечкиот закон, познат како „Обамакер“.

Поништувањето на „Обамакер“, здравствената политика на поранешниот претседател Барак Обама што ги обележа неговите два мандата, беше едно до најгласните предизборни ветувања на Трамп.