Свет Свет Трамп го потпиша указот за изградба на ѕид на границата помеѓу САД...

Трамп го потпиша указот за изградба на ѕид на границата помеѓу САД и Мексико

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша указот за изградба на ѕид на границата меѓу САД и Мексико. Претседателот на Мексико, Енрике Пења Нието, изрази жалење и ја осуди таквата одлука.

– Мексико не верува во ѕидови. Неколкупати кажав дека Мексико нема да плати за ѕидот – напиша Пења Нието на „Твитер“.

Тој размислува дали да ја откаже планираната посета на Вашингтон на 31 јануари.

Ѕидот што треба да се гради на границата со Мексико, треба да спречи незаконско влегување во САД од Мексико.

Американскиот претседател Трамп рече дека новиот ѕид ќе чини помеѓу 4 милијарди и 10 милијарди долари, но од Универзитетот во Масачусетс наведуваат дека изградба на ѕид долг 1.609 километри ќе чини помеѓу 27 и 40 милијарди долари.