Свет Трамп доби доволно делегати за номинација за претседател на САД

Трамп доби доволно делегати за номинација за претседател на САД

Милијардерот Доналд Трамп го достигнал потребниот број на делегати потребни за да биде избран за кандидат за претседател на САД од Републиканската партија, јавуваат светските агенции.

Трамп, според информациите, има 1.238 делегати, еден повеќе од што е потребно за да ја добие кандидатурата на партиската конвенција која треба да се одржи во јули во Охајо.

Според правилата, потребно е мнозинство од 2.472 делегати за номинација, а Трамп ја поминал таа бројка по добивањето на поддршката на одреден број на делегати, која досега не беше потврдена.

Неколку часа претходно, претседателот на САД, Барак Обама изјави дека светските лидери имаат добра причина да бидат вознемирени поради Трамп.

„Тие се вознемирени и имаат добра причина за тоа. Во најголемиот број предлози што ги изнесе покажа или непознавање на светската политика или интерес за твитови и наслови – рече Обама на маргините на самитот на земјите од Г7.