Македонија Трајановски бара „Шарената револуција“ да престане со тероризирање на Скопје

Трајановски бара „Шарената револуција“ да престане со тероризирање на Скопје

Коце Трајановски, градоначалникот на Скопје, денеска побара од „Шарената револуција“ да престане со уништување на главниот град.

Тој вели дека по синоќешните инциденти во кои беше оштетена зградата на Министерството за правда, а истовремено имаше и обид за уривање споменик во паркот Жена-борец, треба да се престане со тероризирањето на главниот град.

„Барам да престанат да го тероризираат главниот град. Барам да ги остават граѓаните на мир. Барам да не ги држат во заложништво граѓаните на градот Скопје. Исто така, барам да не доаѓаат со автобуси од други градови за да го уништуваат главниот град“, вели Трајановски.