Видео Товарни возови се судрија во Тексас

Товарни возови се судрија во Тексас

Два товарни воза се судрија во близина на тексашкиот град Пенхендл, јавуваат американските медиуми. На местото на несреќата се испратени екипи за брза интервенција, кои се обидуваат да го изгаснат пожарот што избил по судирот и ги зафатил вагоните.

Судирот се случил изутринава, на околу осум километри од Пенхендл, на пругата кон градот Амарило.

Засега не се знае причината за железничката несреќа.