Економија Тевдовски: Треба да градиме цврста основа на домашни претпријатија

Тевдовски: Треба да градиме цврста основа на домашни претпријатија

Првиот чекор што треба да се направи во ова разголување на власта е сериозно обезбедување на транспаретност во трошењето на парите на граѓаните. Втората работа, во Македонија треба да градиме цврста основа на домашни претпријатија. Странските не се доволни. Наш приоритет се малите и средните претпријатија. Тие мора да добијат многукратно зголемена поддршка од државниот буџет за инвестиции и за отварање на работни места – изјави претседателот на комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски при посетата на Куманово.

Целта како што истакна Тевдовски е вбризгување на ликвидност и пари во домашните мали и средни претпријатија.

– На пример, за секое мало и средно претпријатие кое што ќе вработи невработено лице, обезбедуваме директна поддршка од 108 илјади денари, на почетокот на периодот, ако се обврзе во период од две години да исплаќа бруто-плата којашто е најмалку колку просечната или повисока од неа – додаде Тевдовски.