Економија Тевдовски на конференција во Виена посветена на транспарентноста во трошењето

Тевдовски на конференција во Виена посветена на транспарентноста во трошењето

Mинистерот за финансии, Драган Тевдовски учествува на министерска конференција во Виена на која се говори на тема „Финансиското информирање како катализатор за интеграција“.

Конференцијата е посветена на значењето на транспарентноста и финансиската одговорност во јавниот и приватниот сектор и реформите за унапредување на финансиските информации. Како што истакнуваат организаторите, реформите во овој сектор придонесуваат за развој на пазарот на капитал, привлекување на странски инвестиции и развој на економијата.

– Во текот на изминатата година направени се пет системски реформи пензиски реформи за да се обезбеди подобра оддржливост на пензискиот систем, направени се даночни реформи со цел да се намали доходната нееднаквост и да се мобилизираат повеќе буџетски приходи, реформи во системот за јавни набавки со цел да се подобри ефикасноста на истите, социјална реформа за подобро насочување на социјалните трансфери; се воведуваат и механизми за да не се натрупуваат нови долгови на општините“, изјави министерот.

На Министерската конференција обраќање има и министерот за финансии на Австрија  Хартвиг Лоџер, како и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.На министерскиот панел, учествува и потпретседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија, Сирил Милер.

На Министерската конференција учествуваат преку 300 претставници од 13 земји, меѓу кои и министри за финансии, претседатели на регулаторни тела, претставници од академската заедница и бизнис секторот, како и од институциите на ЕУ.