Хроника Тетовска фирма се обидела да прошверцува автобус на преминот Ќафасан

Тетовска фирма се обидела да прошверцува автобус на преминот Ќафасан

Четворица тетовчани се осомничени дека се обиделе нелегално да внесат цел автобус преку граничниот премин Ќафасан, во близина на Струга, на македонско-албанската граница.

Царинската управа поднела кривична пријава против една фирма и три физички лица, сите македонски државјани, поради обид за нелегално внесување во државата на автобус марка „ман“, со проценета вредност од околу 824.000 денари или околу 13.400 евра.

Еден од осомничените, син на сопственикот на фирмата, заедно со возач вработен во неа, во март годинава се пријавиле на граничниот премин Ќафасан за влез во земјата, со автобусот што бил купен во Германија, а на кој осомничените претходно намонтирале македонски регистарски таблички што припаѓале на друго возило, сопственост на фирмата.

Како што информираат од царината, пријавените имале намера да прикажат дека автобусот е уредно регистриран во Македонија за да избегнат плаќање на увозните давачки.