Хроника Тешка сообраќајка во Битола, едно лице се бори за живот

Тешка сообраќајка во Битола, едно лице се бори за живот

Вчеравечер, во два часот по полноќ, во Битола на улицата Партизанска, се случила тешка сообраќајна несреќа. Во возилото се наоѓале две лица, Х.С. на возрасот од 19 годни и Т.С. на возраст од 21 година, кои поради здобиени повреди со возило на Итната медицинска помош биле префрлени во Клиничкиот центар во Битола.

Возачот Х.С., поради сериозноста на повредите, е во критична состојба и изутринава е префрлен на клиниките во Скопје. Автомобилот со прилепски регистарски таблички со голема брзина удрил во дрво, но од СВР Битола не можат да дадат повеќе информации за тоа како возачот изгубил контрола.