Подглавна секција Теренец влета во продавница на „Епл“ во САД, едно лице загина, 19-мина...

Теренец влета во продавница на „Епл“ во САД, едно лице загина, 19-мина се повредени

Image by Hands off my tags! Michael Gaida from Pixabay

Теренски автомобил вчера влета низ излогот на продавницата на „Епл“ во градот Хингам во сојузната американска држава Масачусетс. Притоа еден маж загинал, а 19 лица се повредени, јави Си-Ен-Ен.

Инцидентот се случила во 10:45 часот претпладне по локално време. Теренецот со темна боја влегол во продавницата и притоа удрил во повеќемина минувачи пред продавницата, во вработени и муштерии. Излогот на продавницата гледа на голем паркинг.

Според јавниот обвинител на областа Плимут, Тим Круз, кога екипите за итна помош, по неколку примени повика на бројот за итни интервенции, дошле на местото на несреќата наишле на морничава сцена, со голем број повредени, на кои помош им пружале вработени во продавницата и минувачи. Повредени имало и пред продавницата и во неа.

Загинатиот маж е идентификуван како 65-годишниот Кевин Бредли од Њу Џерси, а што се однесува до возачот, Круз изјави дека полицијата работи на случајот, возачот во моментот не бил пренесен во болница, а бил под контрола од полицајци.