Видео Тепачка во италијанскиот парламент

Тепачка во италијанскиот парламент

Во италијанскиот парламент денеска дошло до тепачка меѓу пратениците, поради што потпретседателот Роберто Џакети бил принуден да ја прекине седницата.

Како што пренесува агенцијата АНСА, за време на расправата за тековните реформи, дошло до жестока расправија меѓу двајца пратеници од партијата Левица, екологија, слобода(СЕЛ) и Демократската партија, кои потоа се нафрлиле еден на друг и почнале тепачка.

Останатите пратеници во тие моменти станале од своите места и почнале да удираат по собраниските клупи, а дел се обидувале да ги раздвојат закрвените колеги.

Вчера непријатни сцени имало и во парламентот на Јужна Африка, каде од седница биле исфрлени пратениците на опозициска партија.