Свет Балкан Во тепачка пред гласачко место во Турција, двајца загинати и еден повреден

Во тепачка пред гласачко место во Турција, двајца загинати и еден повреден

Две лица загинаа во физичка пресметка која изби пред избирачко место во југоисточната провинција Дијарбакир за време на гласање на референдумот за зголемување на овластувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Како што јавуваат турските медиуми, расправијата меѓу две семејства избила во школски двор во село на југоисток во Турција, но засега не се знае причината поради која избила кавгата.

Според дел од медиумите, причината била различните политички ставови.

По тепачката, едно лице е хоспитализирано, додека две се приведени.