Свет Свет Тепачка на митингот на Трамп во Њујорк

Тепачка на митингот на Трамп во Њујорк

На митингот на претендентот за републиканска кандидатура за претседател на САД, Доналд Трамп, во Њујорк, забележани се неколку инциденти, а неговите приврзаници и противници се степале, соопшти полицијата.

Полицискиот комесар на округот Насау, Томас Крамптер, рече дека на собирот се уапсени две лица што се степале.

Исто така, шест лица се хоспитализирани, а седум добиле помош на местото на настанот поради несвестица и дехидрираност.

Крамптер навел дека „неколку стотини“ полицајци биле на местото на митингот и оти настанот ја чинел полициската единица меѓу 300.000 и 400.000 долари.