Uncategorized Телата на жртвите од падот на рускиот авион ги бараат 27 бродови

Телата на жртвите од падот на рускиот авион ги бараат 27 бродови

Руското министерство за одбрана соопшти дека 27 бродови и чамци, како и повеќе од 3.000 луѓе и 100 нуркачи ги бараат телата на жртвите од авионската несреќа која се случи во близина на Сочи.

„Вкупно 27 бродови и чамци, 37 возачи, четири хеликоптери и дронови, како и подморница ја пребаруваат областа во која се урна рускиот воен авион“, се наведува во соопштението.

Авионот на руското министерство за одбрана „ту-154“ се урна во Црно Море во близина на Сочи, непосредно по полетувањето за Сирија, при што загинаа 93 лица.

Сè уште се истражуваат причините за несреќата.