Свет Талибанците во Авганистан убиле 16 лица

Талибанците во Авганистан убиле 16 лица

Талибанци убиле најмалку 16 лица, а десетина ги земале за заложници на северот на Авганистан, соопштија локалните власти.

Бунтовниците застанале повеќе автобуси и им наредиле на патниците да излезат, изјавија од полицијата во провинцијата Кундуз.

Како што се наведува, талибанците потоа убиле 16 патници, некои ги пуштиле, а некои ги киднапирале.

Ова е прв ваков напад од именувањето на новиот водач на талибанските бунтовници минатата недела, откако неговиот претходник беше убиен во напад на американските беспилотни летала во Пакистан.