Свет Талибанците најавија офанзива

Талибанците најавија офанзива

Авганистанските талибанци утринава објавија почеток на својата „пролетна офанзива“, која ја нарекле „Операција Омар“ во знак на основачот на движењето, мулата Омар.

Тие во соопштението предупредија дека ќе „изведат напади од големи размери на непријателски позиции во земјата“.

Талибанците најавуваат „долга и крвава“ офанзива за годинава и наведуваат дека џихад против американските напаѓачи е „света обврска“.

Офанзивата почнува во момент кога владата во Кабул се обидува да ги врати бунтовниците на преговарачката маса за да се стави крај на нивниот долготраен судир.

Судирот на авганистанските власти со талибанците влезе во 15 година, со повеќе од 11.000 цивили убиени во текот на 2015 година.