Свет Свет „Тајм“: Трамп, „претседателот на поделените американски држави“, е личност на годината

„Тајм“: Трамп, „претседателот на поделените американски држави“, е личност на годината

Американскиот магазин „Тајм“ го прогласи новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, за личност на годината.

Изборот за личност на 2016 година „Тајм“ го потврди на својот официјален твитер-профил.

„Погледнете зошто Доналд Трамп е избран за личност за 2016 година на ‘Тајм’“, се вели во твитот.

„Личност на годината, Доналд Трамп – претседател на поделените американски држави“, стои на насловната страница и на почетокот на видеозаписот, во кој главната уредничка на магазинот, Ненси Гибс, зборува за годинешниот избор.

Милијардерот од Њујорк, кој во јануари официјално треба да се всели во Белата куќа, на изборите на почетокот на ноември, на изненадување на многумина, ја победи противкандидатката од Демократската партија, Хилари Клинтон.