Свет Свет СЗО: Потребни се 108 милиони евра за борба против вирусот зика

СЗО: Потребни се 108 милиони евра за борба против вирусот зика

Потребни се 108 милиони евра за финансирање на планот за борба против вирусот зика, соопшти денеска Светската здравствена организација.

Акцентот на 18-месечниот план, како што велат од СЗО, ќе биде ставен на жените што се во поодминати години за раѓање.

Вирусот зика, кој го пренесуваат комарците, се поврзува со сериозни нарушувања кај новороденчињата, кои најчесто се раѓаат со мала глава и со невролошки оштетувања.

Епидемијата на вирусот зика е забележана во повеќе од 60 земји, а најмногу регистрирани случаи има во Бразил, каде за помалку од два месеца треба да се одржат Летните олимписките игри.