Свет СЗО: Од ебола починале 4.960 лица

СЗО: Од ебола починале 4.960 лица

Од еболата најпогодена е Либерија, каде се регистрирани 6.619 пациенти од кои 2.766 починале

Во Западна Африка бројот на заразени лица од ебола се зголеми на 13.268, што е за приближно 200 лица повеќе од бројот евидентиран во извештајот пред два дена, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Според СЗО, од ебола починале 4.960 лица, но не се сомневаат дека бројката е многу повисока.

– Епидемијата од ебола различно се развива во земјите од регионот, во некои забавува, а во некои се интензивира – наведуваат медицинските експерти.

Од еболата најпогодена е Либерија, каде се регистрирани 6.619 пациенти, од кои 2.766 починале, додека во Сиера Леоне инфицирани се 4.862 лица, а починале 1.130.