Македонија СВР: Во Тетово и Гостивар учениците се возат во претоварени комбиња и...

СВР: Во Тетово и Гостивар учениците се возат во претоварени комбиња и со возачи без дозволи

Учениците во Тетово и Гостивар на школо одат во претоварени комбиња со кои управуваат возачи што немаат возачка дозвола, открил СВР Тетово при контрола на сообраќајот, известува „Порталб.мк“.

– Вчера од 6 до 9 часот во Гостивар имаше акциска контрола на 35 комбиња од јавниот превоз. Притоа беше утврдено дека девет комбиња се претоварени, осум возачи немале лекарско уверение, тројца немале возачка дозвола, а еден имал дозвола од несоодветна категорија, додека две комбија биле нерегистрирани. Истовремено е утврдено дека еден возач возел побрзо од дозволеното. Изречени се соодветни казни – објаснува Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Контрола се вршела и во тетовскиот регион, при што се утврдени 42 прекршоци, вклучувајќи седум возачи без дозвола, шест нерегистрирани возила, пет технички неисправни возила и возачи-почетници кои возеле без придружба. Изречени се 23 казни и 19 глоби.