Хроника СВР Охрид поднесе кривична пријава против охриѓанецот што ја малтретирал мајка си

СВР Охрид поднесе кривична пријава против охриѓанецот што ја малтретирал мајка си

Поради основан сомнеж дека не ја извршувал судската одлука, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Д.(58) од Охрид.

„Тој, со судско решение издадено од Основниот суд Охрид, имал забрана да врши семејно насилство. И покрај тоа, пријавениот М.Д. продолжил да ја малтретира, вознемирува, навредува и физички да ја напаѓа својата 81-годишна мајка, да оштетува и да фрла предмети од домот и да врши семејно насилство од секаков вид“, велат од СВР Охрид.

На 17 февруари оваа година, пријавениот во присуство на малолетни членови од семејството, почнал повторно со вознемирување, малтретирање и со упатување закани кон неговата мајка, по што физички ја нападнал. На тој начин, пријавениот М.Д. предизвикал чувство на страв, несигурност и вознемиреност кај неговата мајка и кај другите членови од семејството.