Економија Светска банка ќе помогне да се подобри безбедноста на патиштата

Светска банка ќе помогне да се подобри безбедноста на патиштата

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска се сретнал со претставници од Светска банка, предводени од Рејмонд Соамс Џоб, глобален лидер на Групацијата за патна безбедност на Светска банка.

На средбата се разговарало за плановите за подобрување на безбедноста на патиштата во Македонија.

„Недозволиво е дури 39 проценти од патиштата во Македонија, според мерењата од Европската Унија, да бидат крајно небезбедни. Токму затоа Владата го смета проектот „Македонија без црни точки“ за еден од главните приоритети“, истакнал Сугарески.

Преку Јавното претријатие за државни патишта (ЈПДП), поддржано со кредит од Светска банка, се спроведува анализа на безбедноста на целата патна мрежа за Владата да има детални информации за потребните инвестиции во мрежата.

Од министерството информираат дека на почетокот на следната година ќе биде реализирана инвестиција за намалување на црните точки на државните патишта.